Јанчев: Хидроелектрани на Кожув нема да има – Си ги собраа бегерите и си заминаа од Дошница

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија и активист во борбата против изградбана на хидроелектрани на Кожув

Луѓето кои пуштија багери на Кожуф со цел да прават мали хидроелектрани на реката Дошница си ги собраа багерите и си заминаа.

Ова не е конечна победа но е уште еден доказ дека борбата не е залудна и дека ако народот реши да се бори нема како да биде поразен.

Не постои лесна борба, но не постои ни непобедлив непријател, освен еден, дефетизмот.

Тоа е така оти дефетизмот не зависи од непријателот ами од самите нас. Тоа е онаа појава на низок борбен морал преку која секој еден народ се поразува сам себе предавајќи се без борба или откажувајќи се од борбата.

Дефетизам во врска со Кожуф нема. Затоа нема да ги има и овие мали хидроелектрани на Дошница и затоа Кожуф ќе биде национален парк!