Womanhood-изложба на Снежана Шумковска во Културно-информативниот центар Скопје
Изложбата Womanhood на авторката Снежана Шумковска-Жане, ќе биде отворена вечерва со почеток од 20 часот во Културно-информативниот центар Скопје, Салон Империјал II .
Ова е изложба што успешно ја опфаќа суштината на женственоста преку комбинација на традиционални и модерни уметнички техники. Разновидната плејада на портрети ги поттикнува набљудувачите да размислат на своите концепеции за женственоста и да се вклучат во замислено истражување на женственоста во сите нејзини форми, пишува Андријана Јелиќ, кустос советник.
Оваа изложба сведочи за безграничната креативност и универзалност на уметникот. Тоа се постигнува преку колекцијата на портрети кои ја прославуваат женственоста во целата нејзина разновидност, обединувајќи го мноштвото на техники и стилови кои служат да ја изразат комплексната природа на жената. Од смелост и решителност до нежност и интроспективност, портретите живо ги отсликуваст многубројните аспекти на живењето на жените во современиот свет – вели Јелиќ.
Снежана Шумковска – Жане е родена 1980 година во Скопје. Завршила во
Средното уметничко училиште, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока ликовна педагогија.