(Видео) Странските позајмици ја гарантираат економската мизерија – амбасадорите ни го газат достоинството
- Дел од гостувањето на портпаролот на #Левица Амар Мециновиќ во емисијата ,,Тешки муабети”:
,,Кога зборуваме дека ни се распаѓа општеството и дека сме поларизирани, треба да се коментира и тоа дека некои луѓе заработуваат од зло! Никако не може да се изморализира ова што се случува со коцкањето – со казината и обложувалниците. Не треба веќе да се користи политичка коректност за ова – бидејќи е гнасно!
Неверојатно е како се однесуваат странските амбасади со нас. Австрискиот амбасадор се повикува на слободата на пазарот за да ги заштити приватните интереси во индустријата за коцкање, како за австриските така и за домашните тајкуни. Слобода на пазарот која патем ја гарантираат првичните долгови од деведесеттите кои Македонија ги има земено од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд – на начин така што се вградени ,,полиси за структурално прилагодување”. Јас ти давам пари, и ако не сакаш да плаќаш пенали и да си санкциониран, ти ќе се придржуваш до одредени правила – за царински квоти, субвенции и целокупното економско уредување на домашниот пазар.
На овој начин се гарантира нашата економска мизерија. Сега, австрискиот амбасадор, повикувајќи се всушност на тие структурални полиси, ни вели да си го почитуваме Уставот!”
Линк од видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=3727156664183044&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing&mibextid=Nif5oz