Левица: Обвинителството да преземе мерки за насилството во психијатриската болница во Демир Хисар!

  • Политичката партија Левица го осудува насилството во психијатриските болници во Македонија. Случајот со врзувањето на 17-годишно момче со аутизам за кревет, од Левица го нарекоа скандалозно и истакна дека партијата има низа сведоштва од роднини на лица кои престојувале во психијатриските болници.

„Додека модерната терапија предвидува инклузија на лицата со аутизам, психијатриската болница во Демир Хисар скандалозно врзувала 17 годишно дете за кревет, по што истото добило рани и модринки!

Здравствениот сектор на Левица со години добива сведоштва од роднини на лица кои престојувале во психијатриските болници низ Македонија за суровиот третман кон овие лица! Министерството нема механизам за подобрување на квалитетот на животот на лицата со атипичен развој, што кулминираше со низа репортажи за Специјалниот Завод во Демир Капија, потоа со тепањето на пациентите во Психијатриската Болница во Бардови, а сега и со врзување на лице со аутизам!

Веруваме во достоинствен живот, вклучувајќи ги и лицата со атипичен развој! Никој не смее да остане нем сведок на суровиот третман и насилството во јавни здравствени установи!

Со презир реагиравме на “средновековниот пристап” на Фатмир Меџити со изјава дека насилството било “по протолол”! Зарем протоколите предвидуваат влошување на физичкото здравје кај пациенти кои се хоспитализирани за подобрување на психичката состојба?!

Повикуваме Обвинителството да преземе соодветни мерки за кривична одговорност на чинителите, а Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат да спроведе вонредни инспекциски проверки во психијатриските и геријатриските центри во Македонија за да има увид во третманот и условите за лекување во истите!“ – велат од Левица.