Кираџиева: Заради непланското градење живееме во урбанистички хаос

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Весна Кираџиева во лошиот урбанизам гледа причина за појава на многу проблеми на локално ниво, од загадување на воздухот до проблеми за наоѓање место за запишување на дете во градинка.

Лошиот урбанизам и пренатрупаност со згради, немањето паркинг простор, градинки, училишта, широки паркови… сето ова е резултат на личните профити и задоволување на интересите на олигарсите на урбанистичката мафија, а поддржана и хранета од сите досегашни власти! Ова нема да престане и проблемите нема да бидат решени сами по себе – фино испечатени во предизборните програми и убаво испрезентирани со ‘фенси’ 3Д видео презентации на истите оние кои 30 години играат заеднички со интересите на олигархијата, а од која и самите се дел.

Атлетичарката во дебатата на Канал 5 телевизија минатата недела истакна дека заради задоволување на лични интереси на поединците, хуманото живеење е ставено под прашалник.

Се работи за непланско градењезатоа што кога се градипред сесè планираЗатоа што со урбанистичките планови секогаш биле за лични интереси и сопствен џеб па се граделе згради без притоа да се размислува дали треба соодветен паркинг простордели има доволно зеленило околу зградитедели ќе има градинки и училишта доволноИтоа е дел од проблемите кога се гради зграда без да се планира дали ќе има доволно простор за хумано живеење.

Кираџиева воедно најави дека народот не може повеќе да дозволи вакво владеење и дека допрва доаѓа време на промени.

Кај народот повеќе не поминува ова! Промени ќе настанат ЕДИНСТВЕНО со премена на овие луѓе од функциите и позициите на локалната, (како и централната власт), кога ќе ги заменат чесни и вредни луѓе, токму како оние во мојот тим, тимот на Левица.