Како ЕВН Македонија и државата ги дискриминира Македонците?

  • Реакција на Левица – Сектор Економија

Со последните случувања во Липково, Арачиново и Слупчане, кои важат за населени места, чиишто жители ги немаат подмирено своите сметки за струја во последните 15 години утврдено е дека за истите нема покренато судска постапка. Иако според Правилникот за снабдување со електрична енергија под РКЕ стои дека доколку не се почитуваат обврските, снабдувачот доставува опомена за прекинување на електрична енергија.

Доколку се знае дека повеќе од 80% од населението во Липково, Арачиново и Слупчане се служи со крадење на електрична енергија, се поставува прашањето зошто ЕВН не постапува според Правилникот на РКЕ за исклучување од мрежата на корисници или не бара присилна наплата на долговите?

До кога Македонецот ќе ја трпи неправдата и дискриминацијата од страна ЕВН Македонија и државата?

Дали населението кое редовно си ги подмирува долговите треба да дава отпор како некои наши сограѓани?