По шестмесечен прекин Нафтоводот Турција-Ирак ќе биде обновен оваа недела
Турција треба да ги рестартира операциите на нафтоводот за сурова нафта од Ирак во рок од една недела, откако беше суспендиран на околу шест месеци поради спорови во врска со извозот и арбитражата.
Говорејќи на конференцијата АДИПЕК во Абу Даби, министерот за енергетика на Турција, Алпарслан Бајрактар, објави дека „Во текот на оваа недела, ќе започнеме со работа на гасоводот Ирак-Турција по обновувањето на соработката. На светските пазари ќе може да испорачаме половина милион барелина нафта“.
Во март, северната ирачка рута за извоз на нафта – која носи речиси половина милион барели сурова нафта дневно придонесува со околу 0,5 отсто од глобалното снабдување со сурова нафта – беше запрена по арбитражната пресуда на Меѓународната стопанска комора (ICC), која и наложи на Турција да му плати на Ирак милијарди долари отштета за неовластен извоз во периодот од 2014 до 2018 година.
Турција започна со работи за одржување на гасоводот, иако се’ уште трае правна битка против одлуката на арбитражниот суд, но поради фактот што гасоводот минува низ сеизмичка зона и претрпе штета од разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари. Анкара се согласи со Багдад да почека да биде завршена проценката за одржување пред да се рестартира протокот на нафта.
Двете земји треба да имаат корист од продолжувањето на работата на гасоводот, особено Ирак кој – заедно со неговиот северен Курдистански регион – загуби околу 5,5 милијарди долари како резултат на шестмесечното запирање на работата на нафтоводната мрежа.