(Видео) Советниците на колаицијата ДПМНЕ – ДУИ против распишување на јавен оглас за инспектор за животна средина
- Реакција на ЛО Левица Велес
На последната 39 седница на Советот на Општина Велес се разгледуваше дописот од Државниот инспекторат за животна средина во кој беше посочен лошиот квалитет на водата во езеро Младост, особено во делот на вливот на Отовичка река.
Во извештајот се наведува дека надлежните институции треба итно да превземат активности со цел да не се дозволи влошување на состојбата.
Советничката од редовите на Левица Маргица Урумова предложи да се донесе заклучок со кој ќе се обврзе Општина Велес итно и неодложно да распише јавен оглас за вработување на локален инспектор за животна средина.
За овој предложен заклучок советниците од коалицијата ДПМНЕ – ДУИ не гласаа, за жал тие воопшто и не се вклучија во дискусија за извештајот!
Ова работно место е предвидено во секој план за вработување, но за градоначалникот Марко Колев и советничката група на ДПМНЕ очигледно дека не е приоритет Општина Велес да има инспектор за животна средина!
Линк до видеото:https://www.facebook.com/LevicaVeles/videos/1697333697402904