(Видео) Мециновиќ: Намерно се дели народот и правда нема – Спасовски да си поднесе оставка

  • Дел од гостувањето на портпаролот на Левица Амар Мециновиќ во ,,Тешки муабети”;

,,Сè се прави, за да се раскине општественото ткиво. Тоа што нè врзува. Најеклатантен пример, од политички аспект за тоа што ни го кажува, е примерот со т.н. ,,француски предлог”. Цела македонска јавност имаше унисона реакција на тој предлог. Повеќе од година дена се работи на поларизација на тоа чувство. Чувството кое е заедничко, сега општествените чинители го поларизираат. Само за да се подели народот.

Нема дефинирана правичност и во Македонија не постои правда. Ние постојано имаме убиства и немили настани додека Министерството за внатрешни работи е безгласна буква. Јас не знам која е магичната формула, тоа што досега имавме милион причини Министерот за внатрешни работи да даде оставка, но тоа тој не го прави. Најголемата опозициска партија бара оставки кога треба да прави театар и кога знае дека нема да издејствува оставка. За стотици издадени пасоши на криминалци и дојави за бомби кои го тероризираат населението – не се бара оставка.”

Линк до видеото: https://www.facebook.com/PartijaLevica/videos/254933714201593