АктуелноИнтернационално

Вучиќ: „Еди Рама молчеше кога терористи убија осум полицајци во Куманово“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“.

На ова Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ одговори:

„Србија го одбележува Денот на жалост за трагичните настани на Косово, за смртта на сите луѓе, од гледна точка на Уставот на Република Србија, секој е граѓанин на нашата земја. Прогласивме жалост за убиените Срби и сите други личности. Еди Рама не ја кажа вистината. Мислам дека е цивилизациска одлука, сериозна одлука“, рече Вучиќ.

„Тогаш имаше голем конфликт во Куманово кога албански терористи, вистински терористи ја нападнаа меѓународно признатата суверена држава Македонија, земја која е членка на ОН, многу важен детал. Убиени се дури осум македонски полицајци. Што се случи? Тогаш го немавме ниту Рама ниту некој од ЕУ да проповеда“, рече Вучиќ и покажа слики од „државниот погреб во Приштина“ во 2015 година, во униформи на ОВК.

На овој погреб „присутни беа Иса Мустафа, кој преговараше со мене. Тоа е комеморација на сите убиени Албанци во Куманово. Салата беше полна, се беше организирано. И никому ништо. И тоа не е крајот“, додаде Вучиќ.