Размена на книги и книжевни муабети во Градска библиотека Браќа Миладиновци – Скопје во рамките на „Бела ноќ“

Групата Размена на книги и книжевни муабети / Book swap and bookish discussions организира размена на книги во Скопје.
Локацијата е Паркот на поезијата (во случај на дожд, настанот ќе се одржи во Спомен-собата) во Градска библиотека Браќа Миладиновци – Скопје, со почеток во 19 часот, во рамките на „Бела ноќ“.
Посетителите можат да ги донесат своите прочитани книги и да ги разменат за други, непрочитани. Секој ги разменува своите книги за книги по избор од други членови.
Совршена средба за сите читатели и љубители на пишаниот збор.
Дополнителна информација:
Клубот на читатели на градската библиотека Браќа Миладиновци – Скопје месец септември го посветува на романот „Естом“ (издание на Или-Или) од Николина Андова Шопова.
Клубот на читатели е замислен како неформална средба за оние што ја прочитале или што сакаат да ја прочитаат предложената книга од библиотеката и е дел од активностите од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, што ја организира Браќа Миладиновци.
„Естом“ ќе се дискутира непосредно пред размената на книги, односно на 30 септември во 18 часот, во рамките на „Бела ноќ“.
Модератор на настанот ќе биде Денис Бојаров. Книгата е достапна во сите објекти на ГБСК.