„За овој свет“ – изложба во чест на Тоше Проески во Штип
Изложбата во чест на Тоше Проески, насловена како „За овој свет“, е изложба на личните работи на Тоше Проески од неговата музејска поставка од спомен куќата во Крушево. Изложбата ќе биде поставена на 23 септември (сабота) во 12 часот во Фоајето при Центарот за култура “Ацо Шопов“ во Штип.
Како музичка поддршка ќе настапат Duobright,а свој рецитал ќе имаат претставниците од Академијата Еуроарт.
Од 13 часот е предвидено цртање на мурал од страна на учениците од ликовното ателје при НУЦК “Ацо Шопов“ Штип, под менторство на Верица Наумова.
Влезот за овој настан е слободен.