Проф. Ј. Миршајмер: обидот НАТО да се прошири и во Украина е причина за војната

Американскиот професор по политички науки и меѓународни односи на Универзитетот во Чикаго, Џон Ј. Миршајмер, во интервју за кинеската меѓународна телевизиска мрежа – CGTN, по повод година дена од почетокот на специјалната операција на Русија во Украина, одговара на прашањата за причините на конфликтот, глобланиот ефект од него, односно, што се случи во изминатата година и како овој конфликт го промени светот.

Главните поенти на проф. Миршајмер се:

Мојот став од пред една година, дека обидот НАТО да се прошири со Украина е причина за војната, се потврди.

Украина ќе биде уништена држава. Русија ќе уништи толку многу, што државата нема да може да влезе во НАТО, или пак, ако влезе, како таква таа ќе биде само проблем за НАТО.

Западот ќе продолжи воено да ја поддржува Украина, меѓутоа, Русија ја претвори војната во артилериска војна. Западот едноставно не може да испорача доволно артилерија, за Украина да може да и парира на Русија.

И Западот, како и Русија имаат став дека, ниту една страна не смее да си дозволи да ја загуби оваа војна, меѓутоа, за Русија пораз би значело закана за нивниот опстанокот. Во тој случај, постои веројатност од употреба на нуклеарно оружје. Западот е во парадоксална ситуација, ако успеат да победат, ја зголемуваат веројатноста од нуклеарна војна, што е најлошата можна ситуација.

Најверојатно сценарио е дека војната ќе трае уште долго време. Сите европски држави ќе имаат последици од оваа војна уште долго време. Единствен начин да заврши војната и Европа да постигне барем привид на стабилност е Украина да стане неутрална држава. САД не се согласуваат на тоа.

Способноста на САД да стекнуваат пријатели исчезна. Надвор од западот, остатокот од светот не гледа позитивно на САД. Индија е најдобар пример за тоа.

Фактот дека САД подметнаа експлозии на „Северен тек“ нема да им наштети на односите со Германија. Германија е потчинета држава на САД.

Целото интервју на англиски јазик можете да го погледнете на видеото подолу: