„Звукот на Скопје 2023“ го размрда градот со музичко патување на веќе познати и нови надежни музички бендови
Манифестацијата од лани насловена „Звукот на Скопје“, која се реализираше во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), заврши викендов.
Манифестацијата ја организираше Културно информативниот центар – Скопје во соработка со „Пакомак”, а наместо влезница посетителите носеа по едно пластично шише или лименка, со цел поттикнувањето еколошки навики кај граѓаните.
Фестивалот на градот му донесе свежина и нова енергија преку содржините што ги понуди во петокот. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, проекција на филмови во летно кино, беа дел од овогодинешниот фестивал.
На сцената кај Парк Ибни Пајко со голема енергијата и ентузијазам настапија бендовите од Гола планина колективот: Стој, После!, Zanadu и Dimish.
Додека пак на сцената Плоштад Мајка Тереза настапија Natalee од Србија, СИЗ ,KEM и Фолтин кои ги изведоа песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“, но и нивните постари хитови.
Во рамките на фестивалот во Кулпарк летното кино (пред КИЦ), се одржа и проекција на документарниот филм „Примо Да Круз“, како и на играниот филм „Снежана на крајот умира“.
Во рамките на „Звукот на Скопје“ во Продажниот салон на КИЦ се одржа изложбата на фотографии „Скопје под лупа“ од Јована Савевска со фотографии со фокус на креативните аспекти на градот, вредностите, културното минато и современата скопска ситуација.
„Звукот на Скопје’“ е летен фестивал на отворено, кој има намера да прерасне во ново скопско музичко жариште, простор каде што на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи што сѐ уште ја бараат довербата од градот. Значи и промовирање нови концертни локации, оживувајќи ги во културен контекст. Намерата е самиот фестивал да го претвориме во современ градски летен фестивал на отворено, кој ќе стане препознатлив бренд на Скопје – вели Тони Димитров, директор на КИЦ.