Апасиев: Вечер во шест пак се протестира, елајте си Мицко нема да е таму
- Протестот за Правда за жртвите на Онкологија продолжува трета недела по ред. Помеѓу протестирачите претходните протести можеше да се забележи лидерот на Левица – Димитар Апасиев, а активистите од Црвена Младина беа помеѓу најистакнатите активисти. Во меѓувреме, лидерот на ДПМНЕ – Мицкоски, наместо покрај народот кој се бори за правда беше на различни музички фестивали низ државата.
Ова, во свој стил, беше прокоментирано од Апасив, кој повика на протест и додаде, ако ви е убаво „ондак ништо“:
Вечер во шест, пак се ПРОТЕСТИРА! За онкологија, за амнестиите, за студентите, за пензионерите, за лицата со посебни потреби, за загаденоста, за…
p.s. Елајте си, таман Мицко нема да е таму (ќе иде на некој фестивал изглеа).p.p.s. Ако ви е убаво, ондак ништо!