Укинување на додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром

Марија Мариќ родител на дете со Даунов синдром добила решение од Комисија за проценка за развој кај децата со посебни потреби дека нејзината ќерка нема да добива надомест бидејќи не можело да се направи целосна проценка на нејзината интелектуална способност.

Мајката вели дека ќерката има брат близнак кој има три и пол години зборува и е типично дете, а ќерката не може да се спореди со интелектуланиот развој со неа. Единствено право што го има ќерката е право да посетува градинка, објави Канал 5.

Давид има три ипол години, но има физички и психички развој на едно и пол годишно дете, расакажува неговата мајка Маја. Маја вели дека инклузија не се прави ако се укинат тие пари, а се плаќаат приватно зошто нема термини за логопед и дефектолог.

Од комисијата за проценка велат дека од 113 деца со Даунов синдром и само кај осум деца се донело решение дека имаат добра функционланост пример: имаат говор.