АктуелноЛокално

Путин: Глобалната економија се промени и продолжува да се менува

  • Секвенци од говорот на Претседателот на Русија Владимир Путин на пленарната сесија на осмиот Источен економски форум (12 септември 2023 година):

Ние со вас добро знаеме, гледаме како глобалната економија се промени и продолжува да се менува во последните години, вклучително и поради фактот што некои земји, пред сѐ западните, се разбира, со свои раце го уништуваат системот на финансиски, трговски и економски односи кои тие самите генерално ги создале и граделе.

Многу е важно што на оваа позадина во светот се проширува просторот за вистинска деловна соработка меѓу државите кои не се подложуваат на никаков надворешен притисок, туку ги следат сопствените национални интереси, а такви држави има сѐ повеќе и во различни региони во светот.

Тие ги ставаат на чело на нивните активности, не некои актуелни политички прашања, туку промоција на сопствени проекти во областа на транспорт, енергетика, индустрија, финанси, во хуманитарн сфера, проекти кои можат и носат директна долгорочна корист за народите на овие земји.
Во суштина, се раѓа нов модел на односи и интеграција, но веќе не според западните модели, за елитата, за избраната „златна милијарда“, туку за целото човештво, за целиот мултиполарен свет што функционира и се развива.

Токму во овој модел креативната енергија, отвореноста и фокусирањето на конкретен резултат стануваат моќна конкурентска предност на Азиско-Пацифичкиот регион, клучен фактор што го одредува и, сигурен сум, ќе го одреди неговото глобално лидерство во стапките на економски раст за долго време.