Левица: Втор протест за одговорност за скандалот со Онкологија
- Реакција на Политичката партија Левица
Активистите на Левица го поддржа вчерашниот протест, каде граѓаните повторно побараа одговори од институциите за огромниот скандал во Клиниката за онкологија.
Информациите кои беа пласирани во јавноста говорат дека ваква ОРГАНИЗИРАНА криминална шема не би била возможна без учество на највисоките политички фигури.
На протестот беше искажан и револтот од скандалозните измени на Кривичниот законик – кои претставуваат колективна АМНЕСТИЈА на политичката елита.
Со оглед на високата партизираност на правосудството, веруваме дека без силен јавен притисок, учесниците во овој скандал нема да бидат изведени пред лицето на правдата. Почнувајќи од поранешниот министер Венко Филипче – ОДГОВОРНОСТ И ПРЕСУДИ мора да има!