Социјалистичката изградба на Југославија – 1949 година
- Пишува – Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор
На почетокот на 1949 година во Москва е основан Совет за взаемна економска помош и во него влегуваат сите социјалистички земји освен Југославија. Во тоа време во јануари почнуваат и недоразбирањата помеѓу Југославија и Бугарија, а во врска со Македонија.
На 4ти април во Вашингтон е основан НАТО.
Во Југославија се згрижени околу 12 илјади деца бегалци од граѓанската војна во Грција. Иако генерал Маркос е воено помаган од Југославија, тој е конечно поразен. Границата спрема Грција се затвора, СССР го губи интересот за Грција и таа влегува во зона на западниот интерес.
Ни со Албанија не се добри односите, во шок е примена веста дека на 11 јуни во Тирана е погубен Коча Доџе, еден од најважните албански револуционери. Тој се спротивставува на изолацијата на Југославија и заради тоа е осуден како предавник.
Оваа година се произведени првите прототипови на трактор “Задругар” Т-08, и се изложени на саемот во Загреб. Првата серија е испорачена на земјоделските организации во април 1951 година.
На 9ти јули пристигнуваат првите осуденици на Голи Оток.
На 18ти август со големо вознемирување е примена веста од Москва, официјална Москва објавува дека Југославија е непријател на СССР. А на 29.8. Советскиот Сојуз ја тестира и првата своја атомска бомба. На југословенската граница се распоредени советски војници спремни да извршат инвазија.
Тогаш од Војводина цела храна се извлекува, се мобилизира војската, се изведуваат маневри. САД ја подгрева атмосферата со одобрување на 20 милиони долари за обнова на рудник.
Во исклучително напната пред воена атмосфера, стигнува веста дека Мао Це Тунг ја прогласува Народна Република Кина (1ви октомври). А на 7ми октомври советските окупациски сили во Германија ја основаат Демократска Република Германија.
На 9ти октомври е отворен стадионот на ЈНА и тоа со фудбалски натпревар помеѓу Југославија и Франција.
Во Грција на 16ти октомври е завршена граѓанската војна со пораз на комунистите, а народот во Југославија е убеден дека ќе почне војна со СССР.
На 29ти ноември, на толку значаен југословенски празник, во Будимпешта на заседание на Информбирото се донесува втора резолуција со која Тито се осудува како шпион на Западот, а КПЈ дека е во рацете на убијци. Тогаш се живее во страв во Југославија, не само од интервенција од СССР, али и од домашните предавници.