Вучиќ: Се плашам од општа несигурност, нестабилност, но и големи конфликти

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе следи тешка ситуација на Косово, нешто што досега не можеше ниту да се сонува поради провокативните постапки на Албин Курти.

„Се плашам од општа несигурност, нестабилност, но и големи конфликти, бидејќи Србите не можат да го толерираат тоа, а знам дека овој, кој предизвика се, копнее и фантазира да биде Зеленски и нема да се повлече“, изјави тој во на ТВ Пинк.

Вучиќ нагласи дека луѓето мислат дека тоа за што зборува е можеби некој задолжителен бирократски дел, бидејќи не разбираат дека нешто опасно се случуваи додаде дека добил пораки од странските амбасадори кои се загрижени за настаните.

Претседателот на Србија посочи дека Србите сигурно нема да седат со скрстени раце и секако ќе протестираат барајќи да им се вратат зградите кои режимот на Курти ги зазел со употреба на полициска сила.

За во наредниот период Вулиќ најави средби со францускиот претседател Емануел Макрон и со словачката претседателка Зузана Чапутова во Братислава. Потоа следи патување за Кишињев на состанок на Европската политичка заедница, на кој ќе учествуваат 46 европски лидери.