Русија ќе даде поддршка на Србија доколку поднесе барање за состанок на СБ-ООН

Русија ќе ја поддржи поканата на Србија до Советот за безбедност на ООН доколку Белград поднесе барање за одржување на состанокот, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

„Русија ќе ја поддржи поканата на Србија во Советот за безбедност на ООН доколку Белград побара средба“, стои во соопштението на Министерството.

Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на 15 декември властите на косовските Албанци „со голема помпа“ ќе поднесат барање за членство во Европската унија, што е кршење на нормите на ЕУ и претходните договори.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ напомена дека ќе испрати писма до лидерите на петте земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово – Грција, Шпанија, Кипар, Словачка и Романија и посочи дека според стандардите и правилата на ЕУ, барање можат да поднесат само суверени европски земји.

Претставниците на земјите членки на ЕУ Грција, Шпанија, Кипар, Романија и Словачка го уверија раководството на Србија дека ќе стојат на ставот да не се признае самопрогласената независност на Косово.

Шефот на Комисијата за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун, извести дека властите на самопрогласено Косово, со поддршка на ЕУ и САД, се обидуваат да го вклучат неприфатливиот „француско-германски“ предлог за вистинското признавање на независноста и прием на Приштина во ООН во агендата на преговорите со Белград во Брисел.