Апасиев: „Опозициската“ ДПМНЕ ги саботира антивладините протести

По масовниот протест минатиот понеделник „Против убиствата на Онкологија“, ВМРО-ДПМНЕ застана целосно во служба на владејачката СДСМ и ДУИ и непрекинато се обидуваа да го саботираат гневот на граѓаните и повикот за протести против монструозните убиства.

Во изминатата недела можеа да се видат бројни објави кои ги вулгаризираа протестите, невистини кажани од порталите „сателити“ на нивната партија, додека јавноста беше дефокусирана со лажни информации. Од друга страна, Мегафоните на СДСМ се обидоа да ги заокружуваат лицата на активистите, додека полицијата на Спасовски се обиде со апсење да го спречи искажувањето на нивниот револт.

По однос на ова, искоментира лидерот на Левица – Апасиев, кој беше заедно со протестирачите:

„Каде се чуло и видело, најголема опозициска партија да саботира АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!?

У време на Грујо правеа списоци за одење на протест, у време на Мицко ги запишуеле тие шо дошле на протестот за Онкологија, за да ги санкционираат у партија. Ги викале “апасиевисти”!?

Во меѓувреме, ДПМНЕвски градоначалници се на платено прекуокеанско перење мозок во Америка, а амнестијата на корумпираната партиската елита е завршена работа. И, викате, нема да има Бугари у Устав?“