Со европско знаменце СДС И ДУИ ќе се амнестираат од кривична одговорност
- Реакција на Политичката Партија Левица
Aнтимакедонската и корумпирана власт на ДУИ И СДС, соочена со поразот на претстојните парламентарни избори, спрема терен за спас на своите криминали кои секојдневно се откриваат во јавност. Односно, во собраниска процедура се предложени измени на Кривичниот законик со ЕУ знаменце со кои:
- се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери;
- максималната казна затвор за “Злосторничко здружение” се намалува од 10 на 3 години.
Ова јасно покажува дека криминалната власт на СДС и ДУИ цели да се АМНЕСТИРА од кривична одговорност за нивното корумпирано владеење и потврдува дека Македонија е заробена држава, во која правосудството е продолжена рака на власта.
Со ваквите измени се отвора можност за уште побрзо ЗАСТАРУВАЊЕ на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери. Токму вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери.
Ваквите скандалозни измени се спротивни на сите заложби со кои СДС дојде на власт и затоа овој хибриден РЕЖИМ, со октроиран премиер, нема никаков легитимитет за владеење.
Потсетуваме дека #Левица преку своите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предложи измени на Кривичниот законик, со цел зголемување на рокот за застареност на кривичното гонење и на извршување на казната.
Суштинската промена која Левица ја предложи е во апсолутната застареност – каде предлагаме за ТРИ пати да се зголеми рокот за застареност, затоа што најголемите корупциски случаи застаруваат по овој основ. Ваквите измени уште не се ставени на пленарна седница. Јасна е тенденцијата на власта дека по секоја цена сака да се спаси од кривичен прогон поради нејзиното корумпирано владеење!
Владеењето на оваа гарнитура на корумпирани политичари се претвори во најголема национална и економска катастрофа која ја претрпела Републиката, каде единствена европска заложба е шверцот на штетни закони со европско знаме.