Надпартиски Протест против убиството на Онкологија

  • На страницата на социјалните мрежи од каде беше повикано да се излезе на протест пред Владата со почеток од 18 часот, соопштија дека протестот е надпартиски и дека истиот нема поврзаност со ниту една политичка партија. Тие додадоа дека протестот ќе заврши пред Основното Јавно Обвинителство. Во прилог ви го пренесуваме нивното соопштение:

Почитувани,

Ве известуваме дека утрешниот протест е НАТПАРТИСКИ и апелираме да не се носат партиски обележја!

Ја цениме поддршката која доаѓа од сите страни и очекуваме масовна бројка на граѓани на овој антивладин протест.

Протестот од Влада ќе продолжи до зградата на ОЈО каде ќе побараме кривичен прогон против сите инволвирани функционери во овој скандал.

Се гледаме во што поголем број!