Лажна е веста дека Стефан Васев е родниски поврзан со д-р Нино Васев

По објавата за претресот во домот на доктор Нино Васев, до нашата редакција пристигна ДЕМАНТ од страна на Стефан Васев, во кој целесно се отфрла роднинската поврзаност со доктор Нино Васев:

„Почитувани, Барам во најкус можен рок да ја повлечете веста (https://antropol.mk/2023/09/03/pretres-vo-domot-na-tatkoto-na-eks-portparolot-na-sdsm/), бидејќи објавена е целосна невистина.

Оттука, целосно ги отфрлам лажните вести и невистините што се шират на дел од порталите и социјалните мрежи за наводната роднинска поврзаност со доктор Никола Васев. Ниту роднински ниту на било кој друг начин не сме поврзани со споменатиот доктор Васев. За изнесените лаги барам повлекување на лажната веста, итно објавување на овој демант и извинување поради повреда на мојата чест и углед.Во спротивно ќе ги преземам сите мерки за одговорност согласно законот за граѓанска одговорност.

Со почит, Стефан Васев “