„Невистини изнесени на вчерашната прес-конференција во Влада“ – Го Сакам Водно

Во целост ви ја пренесуваме прес-конференцијата на Го Сакам Водно.


Вовед
Благодарам на присутните тука, и едно саркастично благодарам на владата што не поучи за бенефитите од гасификација на Р. Македонија. Може ли ние, неуките да поставиме неколку прашања, ама да дадеме и неколку одговори.

И да си почнеме….

по којзнае кој пат, СИЛНО ДА за гасовод, но НЕ НИЗ Водно.

Владата на прес вчера најави започнување на изградбата на магистралниот гасовод, делница 5, што не е вистина. Делницата се гради од минатата година!

Трасата не е скратена за 4 километри, како што пишуваат медиумите, измената е во потег од 4.3 км, ЗНАЧИ – ќе се исече шума со површина колку цел булевар Паризански одреди.. >>> низ карпош, к1, к2, к3, к4, влае, козле и капиштец.

Како ќе ја намалат трасата од 25 на 10 м, кога на снимките од Гугл се гледа колку не е испочитуван работниот појас од 25м – кој на места е и по 46 метри. Не може да е под 25 м ако се мисли на безбедност и професионакна изведба. До сега имавте “техничка грешка” од 25м , па за какви 10 метри говориме???

Не е вистина дека теренот ќе се врати во првобитна состојба и дека после неколку месеци нема да се препознае местото каде поминува гасоводот. Трасата не смее да се пошумува, мора да остане гола за пристап на возила и да не се оштети гасоводот од корењата на дрвјата.

Загадувањето НЕМА да се намали во Скопје со изградба на овој гасовод низ Водно. Ни ПМ честици, ни азот диоксид, ни сулфур диоксид, ништо нема да се намали со градење на гасоводов низ Водно!

Ширење на невистина, крајна и безобѕирна манипулација со јавноста е оваквото тврдење. Овој гасовод не е наменет за Скопје, всушност СКОПЈЕ ИМА ГАСОВОД ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ – но НЕМА РАЗВИЕНА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ! доведување на јавноста во заблуда е да се каже дека уште во оваа есен граѓаните на Скопје или било кој во РМ – ќе ги почувствува придобивките на гасификацијата од изградбата на овој проект!

Доведување на гас до секое семејство ќе почека долги години, сигурно повеќе од пет. До тогаш дрва ќе се горат и во Скопје и во Тетово и во Гостивар и во Кичево!

Дистрибутивна мрежа НЕМА во ниту еден од градовите долж трасава. Срамно е да се каже дека Скопје стои на патот на гасификација на другите градови на Македонија – Тетово, Гостивар, Кичево.

Владата упорно ги дава истите изјави со месеци наназад, а на барањата тие да ги поддржат со студии и проекти остануваат глуви. Слушаме само ветувања!

Нека кажат со податоци до каде се проектите, тендерите за изградба на овие мрежи, финансиите одвоени за гасификација во секој град? Додека се изградат, алтернативната траса надвор од Водно ќе се изгради сигурно. Алтернативна траса надвор од Водно има и компаративна анализа како е избрана Ќе се вкрстела со главниот извор на водоснабдување на Скопје, Рашче, што во никој случај не било препорачливо, но истовремено кракот за Косово што се вкрстува низ РАШЧЕ не е проблем?

Шилегов осум месеци по неговите зборови, каде наведува дека е пропуштен правен сегмент,
-дека студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина е стара,
-дека изградба на гасовод не значи дека треба да се уништи парк – шумата Водно, без која градот Скопје тешко би можел да опстои,
– каде бара преиспитување на трасата на гасоводот, изготвување нова оцена на влијание врз животната средина и повторување на постапката за добивање на потребната документација за изградба на гасоводот, сега си гази по сопствените зборови!

700 000 евра за пошумување на Водно, инаку законска обврска, е приближно еднакво на парите што Владата ги дава за хортикултурно одржување и уредување. А се работи за двојно помоголема површина 130000 м2 хортикултурно уредување наспорти 250000м2 работенпојас низ Водно. Немојте да ми кажете дека грмушки, ружи и темјаншки чинат повеќе од 40-65 години стари дрвја! Дрвајта не се само дрвна маса, особено не НИЗ ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ! Нели Водно го сакаа?!

На која основа Министерството за одбрана влегува во игра за да финансира и покрива ветувања поврзани со гасоводот? Која е сумата за пошумување на јужните падини кои треба да се пошумат децении наназад, но се смета за невозможна мисија?

УПОРНО СЕ СТАВА ЕКОЛОШКИ ПРЕДЗНАК НА ОВОЈ ПРОЕКТ, А ЗА ТОЈ ДА БИДЕ ТАКОВ ТРЕБА ДА ИСПОЛНИ ОДЕЛЕНИ КРИТЕРИУМИ И ПРОЦЕДУРИ КОИ НЕ БИЛЕ ЗАПАЗЕНИ УШТЕ ОД ПОЧЕТНАТА ФАЗА НА ПЛАНИРАЊЕ! А СО ВЧЕРАШНАТА ОДЛУКА НА ВЛАДА САМО ГИ ЛЕГИТИМИЗИРАШЕ И ПОДДРЖА СИТЕ НЕСЛОДНОСТИ ВО ЦЕЛАТА ПРОЦЕДУРА.

Владата бара да се достави предлог закон за парк шума Гази Баба. Како никој не ја известил дека таков закон е веќе донесен, пред три и пол години, со кој е прогласена за парк на природата! Ако вака неинформирано и погрешно Владата си носи одлуки, како да се земе сериозно тоа што го вели во врска со гасоводот низ Водно? Проектите за зелените коридори долж реките Лепенец и Серава се нешто што треба да е веќе готово, имајќи впредвид дека студијата е објавена пред година дена! Се најавуваат и закони за парк шума Водно и кањон Матка!

Ова се проекти кои не зависат и НЕ СМЕАТ да зависат од изведабта на гасоводот низ Водно. Ова се проекти кои следуваат на нас граѓаните и не смее да бидеме условувани со нив!

Не сакаме закони за Водно и Матка направени во брзање, за 30 дена и со заобиколување на процедурите како што е случајот и со магистралниот гасовод. Сакаме темелно сработени и издржани закони кои ќе обезбедат максимална можна заштита.

МЖСПП во минатото не го прифатиле решението трасата да оди по сртот на Водно, сега го бранат истото. Зборуваме за стручност или политички одлуки?

МЖСПП, во домен на свои ингеренции, кои до вчера ги негираше, не е вистина дека строго и прецизно ја мониторира имплементацијата на изградбата на гасоводов – голем дел од мерките за намалување на негативните влијанија врз животната средина не се спровеле до сега, а градењето низ Водно започна уште март месец, за останатиот дел на трасата минатата година.

Нема обезбедена супервизија од експерт еколог или биолог;

Иииии – извршено е сечење, корнење на грмушки и дрвја во периодот кога не смеело, кога се гнездат птиците (од 1- ви март до 30-ти септември); во предконструктивна фаза, не е извршен мониторинг на клучни природни живеалишта и биодиверзитетот по трасата на движење на гасоводот; нема противпожарно возило. Студијата за ОВЖС не се поништува, поради застареност, неразработен дел за влијание врз животинскиот свет и растенијата долж трасата низ парк шума Водно, лажирање на соработката на професорот Мицевски во изработка на студијата од страна на Технолаб, Владата на вчерашна седница заклучува МЕР да продолжи со изградбата на гасоводот низ Водно, но се игнорира фактот дека МЖСПП треба да се изјасни дали е потребна нова студија за ОВЖС или не!

Не е вистина е дека нема да се дозволи на никаков начин да ја загрозат природата и да и наштетат на животната средина. Со самото градење во заштитено подрачје, богато со ретки, загрозени, ендемски видови, од трета категорија, каде стои дека се забранува сеча, поткастрување, кршење на дрвја, стебла, корења, гранки, отстранување на земја, градење на поголеми постојани објекти, се загрозува и наштетува во огромни размери.

Изградбата на гасоводот низ Водно НЕ е за сите нас. Изградбата на ДОБРО КОНЦЕПИРАНА алтернативна траса НАДВОР од Водно ќе биде ЗА сите нас.

Им благодариме на сите присутни. Ако семејното насилство е форма на љубов, тогаш, претставниците на Владата, МЕР, Град Скопје, навистина го сакаат Водно.