КУД „Илинден“-Битола ја доби наградата „Сребрена секира“ на фолклорен фестивал во Полска

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола доби високо признание на меѓународен фолклорен фестивал кој синоќа заврши во градот Закопане, Полска.

Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола од стручно жири е награден со „Сребрена секира“  кое високо ја оцени презентацијата на македонскиот фолклор, соопштија од КУД „Илинден“.

Фестивалот беше организиран на високо ниво, со ансамбли од повеќе држави и бројна публика. За време на престојот воочивме големо гостопримство од одговорната на фестивалот Хана Рибка, а ни беше приреден и прием кај градоначалникот на Закопане, Лезек Дорула. Наградата „Сребрена секира“  на 54. издание на фестивалот во Закопане е поттик и мотивација за сите членови на друштвото и што поголема успешност во обврските кои претстојат, информираа од КУД „Илинден“-Битола.