После пресот на Пендаровски – Левица со видео повика на протест

Откако претседателот Пендаровски денес изјави дека го прифаќа францускиот предлог без никакви гаранции, од политичката партија Левица повикаа на протест вечерва во 19 часот пред Влада.

И покрај илјадниците граѓани кои вчера протестираа против францускиот предлог, денес претседателот Пендаровски без никаков државотворен сенс – изјави дека го прифаќа понижувачкиот предлог за бугаризација.

Затоа, вечер повторно пред Влада од 19:00 часот, ги повикуваме сите искрени граѓани, професори, интелектуалци, културни работници, студенти – да се обединиме против новото национално предавство. Борбата за Македонија продолжува – СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ ДО КРАЈ!
– стои во повикот на Левица.

ОТПОРОТ ПРОДОЛЖУВА! И покрај илјадниците граѓани кои вчера протестираа против францускиот предлог, денес претседателот…

Posted by Левица on Sunday, 3 July 2022