АктуелноЛокално

Маските на демократите паднаа и сега ќе ги видиме нивните лумпенпролетерски лица

  • Фејсбук статус на Срѓан Ивановиќ – новинар

Маските на демократите паднаа и сега ќе ги видиме нивните лумпенпролетерски лица, како во името на евроинтеграциите извршуваат најгнасни операции со цел да го срушат отпорот за уставните промени.

Нивните наредбодавци од Брисел и од Вашингтон бараат да се надмине проблемот со Бугарија, за земјата да продолжи да чекори кон беспаќето што води во ЕУ, иако тоа е неуспешен процес кој трае од самиот момент на прогласувањето на самостојноста. За асномска и антифашистичка Македонија нема место во семејството на европските народи. Не, нашето наивно верување дека делиме исти вредности со Берлин, Рим и Париз, како и со Талин, Вилнус и Хелсинки се продукт на нашата лоша информираност.

Петокраката е одамна забранета во Европа, а комунизмозт е изедначен со нацизмот. И токму затоа Северна Македонија ја предводат ново освестени балисти и притаени врховисти, кои на мала врата се обидуваат да добијат реванш за поразот во Втората светска војна.

Во наредниот период ќе се уценуваат пратеници. Паралелно со тоа ќе оди и одвратната кампања платена со народни пари, со која ќе заплашува народот. Ќе излегуваат со свое мислење сите харпии и ороспии на нашата гнила интелектуална елита. Грантовите ќе мора да се оправдаат, како и патувањата во странство, школувањата и работните места. Мое мислење е дека ниту двете операции нема да успеат, бидејќи окупаторската власт е готова, а со истрошен кредибилитет се и нивните налогодавци.

Да издржиме уште малку, потоа ќе ни биде полесно. И престанете со глупави поделби, ако сте против бугаризацијата на Македонија тогаш обединете се околу таа точка и толку. За другите разлики молчете, додека не помине бурата.