Додека Левица е на политичката сцена уставни измени нема да има!
- Фејсбук статус на Јован Крајевски – член на Президиумот на Политичката Партија Левица
Многу се промени во овие 4 и пол години од срамното усвојување на уставните амандмани предвидени со Преспанскиот договор.
Со само два пратеника Левица направи доволно притисок врз политичкиот естаблишмент за да овој пат фејк-опозиционерите од ДПМНЕ мораат да ја земат и вољата на народот во предвид.
ДПМНЕ знае дека уставни измени пред избори скапо ќе ги чини. Само заканата од приклонување на нивното гласачко тело кон Левица ќе ги спречи од повторно предавство на народот.
Но, растот на Левица веќе е доволен за да после избори, кога народната воља ќе биде преточена во двоцифрен број на пратеници, уставните измени бидат уште поневозможни.
Без разлика дали пред или после избори, дали до СДСМ или ДПММЕ на власт, додека Левица е на политичката сцена уставни измени нема да има!