Пред 78 години, жените во Југославија се изборија за правото на глас

Вчера, на својата фејсбук страна, Музеј на македонската борба – Скопје објави:

На 11 август 1945-та година, жените во Југославија се изборија за правото на глас.

Македонската жена во континуитет била вклучена во револуционерното ослободително движење, подоцна нејзиниот отпор ќе добие поорганизирана форма преку социјалистичката мисла на напредното работничко движење и интелигенција во чија револуционерна акција, таа ќе ја вткае и својата борба за целосна еманципација, во периодот меѓу двете светски војни.

Жената хуманитарка, учителка, работничка, земјоделка, уметница, дала голем придонес во општествените и социјалните процеси во периодот по Првата светска војна.

Во предвоениот период жената се почесто учествува во работничките и студенските акции, како и на Првомајските собири и манифестации поставуваји Барања за еднакво право на глас, зголемување на заработувачката и подобри работни услови.

Но во пресрет на Втората светска војна, жените започнаа активно да се вклучуваат во политички настани, во 1942-ра година ја основаа Првата национална конференција на жени, а во 1946-та година за прв пат шест жени беа избрани во парламентот од 170 пратеници.

Дури по СФРЈ, овие права ги остварија жените во Франција, Белгија, Италија, Албанија, Грција, Швајцарија.

Денес, скоро сите европски земји им гарантираат политичката еднаквост на жените.