Јуанот го престигна доларот во надворешната трговска размена на Н. Р. Кина

Во вториот квартал од оваа година, Народна Република Кина за прв пат во својата историја оствари повеќе трансакции во странство во јуани отколку во американски долари.

Односно, според податоците на кинеската државна агенција за девизи, во јули компаниите и организациите од најнаселената земја и најголемата економија во светот извршиле 49 отсто од деловните трансакции со странски земји во јуани. Станува збор за сума од 42 трилиони јуани.

Се претпоставува дека ова се должи на интензивираната трговска размена со Руската Федерација.

Растот на уделот на јуанот размена на Кина со странски земји укажува на забрзување на трендот на ослободување од доларот во меѓународната трговија, на што работи Пекинг поради зголемениот геополитички ризик, односно технолошките и економските санкции кои САД и нивните сојузници ги спроведуваат против Кина но и други земји, како и од фактот дека Западот ги замрзна и има намера да ги конфискува средствата на руската централна банка складирани во Европската унија.

Кина, освен со Русија, има договори за меѓусебна трговија со јуани и партнерска валута, без посредство на доларот, и со Иран, Бразил и Пакистан, а делумно и со Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив.

Судејќи според учеството во финансиските трансакции извршени преку платниот систем на Организацијата за глобални меѓубанкарски финансиски телекомуникации (Свифт), учеството на јуанот во светската трговија е сè уште мало и изнесува помалку од три проценти (2,77).

Американскиот долар и натаму е најзастапена валута со околу 42 отсто, а пред јуанот се и еврото, британската фунта и јапонскиот јен.

Сепак, јасно е дека учеството на јуанот во финансиските трансакции во рамките на споменатиот систем расте, како што беше 1,8 отсто пред пет години.