Секојдневната борба на работничката младина и авангарда во капиталистичкото општество
Говор на Кристијан Димков, Секретар на – Црвена Младина на CENA кампот во Белград
Ситуацијата во која се наоѓа работничката класа и особено работничката младина во современите нео-капиталистички општества е веројатно полоша од кога било. Зад лажниот концепт на меритократија која преку неолибералните и неокапиталистичките идеологии и се наметнуваат на работничката класа од институциите на власта се наоѓа новото оружје на угнетување од капиталистичките елити, еден вид психолошка војна која е релативно нова во вечната класна војна.
Пред околу еден век капиталистичките елити смислија поефективен начин да се борат во класната војна, не со оружје туку со идеи, еден вид идеолошка војна што ја користеле императорите, фараоните и кралевите низ историјата, но по лукава. Додека кралевите и императорите тврделе дека се или самите богови, синови на богови или дека се божја рака на земјата со таканареченото божествено право на кралевите, капиталистите зазедоа многу посветовен пристап. Световен пристап кој го достигна својот врв со гнасната и злобна идеја за стратификациона пирамида заснована на лажната идеја за меритократија, нешто што никогаш не може да се постигне во капиталистичко општество.
Оваа нова стратегија одамна беше разоткриена од марксистички ориентирани научници. Особено теоријата за „идеолошкиот државен апарат“ изнесена од Луис Алтусер во која тој објаснува како државата ги користи своите институции за да го одржи статус квото и да ја поттикне капиталистичката идеологија и, се разбира, теоријата на Антонио Грамши за „културна хегемонија“ во која тој објаснува дека современата класна војна се води со идеи, а не со физичка сила.
Овие теории се повеќе од докажани како точни во современите нео-капиталистички општества со постојана и упорна пропаганда на која најголема жртва стана работничката младина. Зборувам за Ендрју Тејтовите на светот, финансиските „гуруа“ на интернет кои проповедаат инвестиции, глорификацијата на милијардери како Илон Маск, Бил Гејтс како „само-создадени милијардери“ и огромни филантропи и слична пропаганда на социјалните мрежи – како овие милијардери да не произлегле од семејства со огромно претходно богатство, семејства кои имале голема корист од колонијалистичкото минато на нивните земји, корист од поседувањето робови и како да не ги „заработија“ своите милијарди преку експлоатацијата на мигрантите од земјите кои империјалистичката и фашистичка организација НАТО ги бомбардираше, како да немаат корист од експлоатацијата на децата во фабриките кои се во нивна сопственост во неразвиените држави – кои се неразвиени затоа што беа (и повеќето се уште се) колонии на западот.
Целата оваа пропаганда на социјалните мрежи е додадена на веќе постоечката пропаганда од страна на владата и нејзините официјални институции дека живееме во меритократски свет во кој „ако заслужуваш ќе се најдеш повисоко на пирамидата на општествената стратификација“, догма што е за жал прифатена од голем дел од работничката младина.
Оваа догма младите најмногу ја учат преку главниот агент на секундарната социјализација – образовниот систем. Образовниот систем игра клучна улога во зајакнувањето на културната хегемонија на владејачката класа. Тоа го прави на два главни начини, преку редовниот курикулум односно работите што се учат на час. Повеќето од нив се многу проблематични како што се наметнување на претприемништвото и слични капиталистички вредности, принудување на студентите да учат за оценка, а не за знаење, како и историски ревизионизам, особено во поранешните југословенски земји во кои, и јас сам го имам осетено ова, се учат лаги за тоа како работите биле лоши во „мрачните времиња на социјализмот“, и покрај тоа што над 75% од населението вели дека ја претпочитуваат Југославија и дека квалитетот на животот тогаш бил многу подобар.
Другиот голем начин на кој училиштата ја промовираат оваа догма е преку она што се нарекува скриен курикулум – Сè што учиме на училиште, но не од официјалните предавања. На училишните паузи каде што прво дознаваме колку е голема нееднаквоста во светот, како децата од богатите семејства носат чевли кои чинат повеќе од целиот месечен приход на моето семејство, како наставниците постапуваат поинаку кон децата од богатите семејства, како децата од богатите семејства продолжуваат да студираат на престижни универзитети итн итн. Или како што заклучува Пол Вилис во неговата студија „учење да се работи“, децата од работничката класа во капиталистичкиот училишен систем мислат дека и онака и овака ќе го потрошат остатокот од нивните животи работејќи како физички работници – па зошто воопшто да се мачат да учат. Или како што велиме ние во Македонија, докторите раѓаат докторичиња, директорите раѓаат директорчиња, а работниците раѓаат работници.
Сите овие активни долготрајни пропагандни кампањи создадоа чувство на лажна класна свест како никогаш досега, индивидуалистичките идеологии лажно ја ставија целата тежина на позиционирањето на стратификационата пирамида на рамењата на поединецот. Ставајќи ги парите и профитот на највисокиот пиедестал, докажувајќи дека Рајт Милс е во право кој во својата книга „Елита на моќ“ вели дека во капиталистичкото општество „ако си паметен имаш пари и ако имаш пари си паметен“, создавајќи свет во кои повеќето од населението се угнетувани без да знаат дека се угнетувани и не само што живеат во сиромаштија, туку постојано им се кажува дека е нивна вина што живеат во сиромаштија затоа што не се „доволно добри“, идеја мои другари што просечната работничка младина ја има прифатено како вистина.
Ова се некои од големите пречки што ние, анти – империјалистичките младински организации, треба да ги надминеме во нашата битка за соборување на капитализмот и империјализмот како негов последен стадион. Бидејќи капиталистите се свесни за класната војна, Адам Смит, првиот голем теоретичар на капитализмот, вели дека класната војна е наклонета во корист на владејачката класа, бидејќи тие се помалку и можат полесно да се организираат. Капиталистот Ворен Бафет изјави во едно интервју: „Има класна војна, во ред, но мојата класа, богатата класа е таа што води војна и ние победуваме“. Сето ова се случува додека пролетеријатот се повеќе го губи својот класен идентитет и е завиткан во лажна класна свест.
Она што ние, и сите марксистички и антикапиталистички организации ширум светот мораме да го правиме, секако, е да го промениме тоа и да го освестиме пролетаријатот за нивната позиција во овој нео-капиталистички свет во кој се наоѓаме, за да помогнеме да поттикнеме пролетерска револуција. И за да го направиме тоа, мораме да го искористиме американскиот проект попознат како глобализација.
Глобализацијата, како и да ја гледаме, е проект на политичките и економските елити на колективниот запад со единствеа цел да го вестернизираат или американизираат светот, или како што Рицер го нарекува „ Мекдоналдизација“ на светот. Но, во процесот на создавање на овој Мекдоналдизиран свет, колективниот запад несакајќи го создаде својот сопствен пад.
На пример, ние на оваа конференција зборуваме зборуваме на англиски јазик – без глобализацијата не би можеле да го правиме тоа, ја организиравме оваа конференција на (шифрирани) социјални мрежи итн итн. На тој начин, неволно проектот за глобализација ги поврза антиимперијалистичките младински организации, ги поврза комунистичките партии ширум светот кои активно работат на соборување на капиталистичкиот систем.
Нужно е да ја интензивираме меѓусебната соработка преку алатките достапни на нас благодарение на глобализацијата и како почетна точка да се среќаваме почесто дури и во виртуелниот свет за барем да бидеме соодветно информирани, а не само да бидеме „информирани“ од купените и платени мејнстрим медиуми и да ја рашириме веста за актите на империјализмот насекаде низ светот.
Верувам дека преку глобализацијата ние, работничката класа и антиимперијалистичките организации во иднина, ќе можеме да создадеме нова светска пролетерска револуција и да ставиме крај на експлоатацијата, империјализмот и капитализмот еднаш засекогаш. Глобализацијата обезбеди полесен начин за работниците ширум светот да се обединат, бидејќи навистина немаме што да изгубиме освен нашите окови.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ