Мојсоска: Да ги пуштевме од Слупчане да преговараат со Грција, сега ќе бевме Република Македонија

Грашаните се потсмеваат на социјалните мрежи во објави и коментари на траги-комичната ситуација со преговорите меѓу ЕВН и жителите на Слупчане.

Претставници од компанијата „ЕВН“ и жителите од Слупчане вчера имаа состанок во Липково. На состанокот треба се разгледаа барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ рекоа дека состанокот поминал добро.

Ваквата бизарна ситуација во која некој не плаќа за услугата (во случајот електрична енергија) која ја добива, додека останатите плаќаат и за тоа дали ќе плаќаат се преговара, служи за потсмев и постои само во држава во која владее СДСМ.

Ваквиот дискриминирачки однос кон сите останати граѓани секогаш предизвикува бура од реакции кога и темата да се актуелизира, а т.н. преговори наидоа на сериозен потсмев. Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук напиша: „Да ги пуштевме од Слупчане да преговараат со Грција, сега ќе бевме Република Македонија“ – сарказам, кој е лесно препознатлив за јавноста.