Во Железница сѐ уште ја немаат исплатено јунската плата

  • Реакција на Левица – Трудов Сектор

Машиновозачите одлучија да го прекинат железничкиот сообраќај, како бојкот за доцнењето на јунската плата, која се’ уште не е во целост исплатена.

Ова не е прв пат Македонски Железници да доцни со платата на вработените, а директорот Зули Демири ја продолжува редовната пракса платата да ја исплатува на половинки како некаква парична помош, а не како задолжнителна обврска на работодавецот.

Со исплатата на половинки од плата, вработените на крајот од годината наместо да земат дванаесет (12) плати, земаат десет (10) и пол плати и тоа без надоместоци!

Поради криминалното работење на сите директори, Македонски Железници се соочува со големи долгови кои тешко ќе ги исплати во иднина а оваа капиталистичка Влада единствен спас на претпријатието гледа во приватизација и негова продажба на приватни лица, кои ќе го стопанисуваат и ќе ги уредуваат цените според нивниот буџет.

И порано сме укажувале дека железниците се крвоток на една држава, но негрижата на власта за ова претпријатие го достигна врвот. Ако вработените во железница во минатото биле висока средната класа во општеството, денес во Железница живеат само директорите кои ја крадат и ги злоупотребуваат своите функции.