(Видео) Апасиев: Удавете се во септичката јама која самите ја ископавте – Уставни измени нема да има
- Историски говор на Претседателот на Левица – Димитар АПАСИЕВ на денешната собраниска Комисија за промена на Уставот
„Сѐ што денес зборуваме е обична козметика, затоа што влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да нѐ навикнете на ПОРАЗИ. Првото, францускиот предлог за бугаризација, спортски кажано вие премиере, со министерот, изгубивте 17:2 во процесот. Независни германски експерти ви кажаа дека ова е чудо на бугарската дипломатија. Или како што велат антимакедонскте кругови во Софија ова е СМРТ НА МАКЕДОНИЗМОТ, ова е спој на необализам и неоврховизам.
Следно, историјата влезе како дел од преговарачката рамка. Наместо да преговараме за Копенхашки критериуми, ние ќе преговараме каков бил Цар Самоил, каков бил Гоце Делчев, какво било Илинденското востание. И што е најтрагично, не обезбедивте државнички гаранции дека ќе нема нови вета. И тоа не само од Бугарија, која има уште 35 пати шанса да ни стави вето. Ќе ни стават и други земји. Вие сте недоветни да водите дипломатија и тоа треба да си го прифатите!
Следно, имаме унилатерална изјава за македонскиот јазик, званично архивирана во европски архиви, дека македонскиот јазик е ЗАПАДНОБУГАРСКИ ДИЈАЛЕКТ. Оттука, вие немате право да се нарекувате Социјалдемократски сојуз на Македонија! „М“-то станува СДС-Михајловистичка. Вие сте предводници на неоврховизмот заедно со бализмот во Владата.
Добивме само анонимусни бирократи од ЕУ кои ни навиваат часовници и ни викаат “затнете го носот и голтајте”. КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ГОЛТАМЕ ПРЕМИЕРЕ?! 40 пати Уставот го менуваме. Уставот се менува со рака која трепери. Голтавме за ФИРОМ. Голтавме за знамето. Голтаме за Рамковниот Договор. Голтаме за територијалната поделба. Голтаме за Преспанскиот договор каде станавме СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ. Голтаме за двојазичноста илегална без потпис на Претседателот. Голтаме за добрососедство со ОКУПАТОРОТ.
Имате ли вие кичма, имате ли вие достоинство, имате ли вие НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ?! Вие наметнавте лузерски менталитет на овој народ, вие сте една одродена политичка елита која е најголем КРВНИК на македонскиот народ!”