Апасиев: ЕУ има криза на лидерство, не знае каде тера

Во денешната расправа за Уставните измени, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во одбрана на Уставот влезе со остар политички говор, како кон домашната и предавничка власт така и кон ЕУ. Според него, не е само Бугарија проблем во ова геополитичко прашање. Тој посочи дека нашата генерација нема да дочека да влезе во ЕУ. Апасиев е дециден дека на ЕУ не и дојдено до проширување.

„Проблем се некои држави во ЕУ кои се против Западен Балкан, кои се латентно исламофобични. Нас не држат како во зоолошка градина. Ние сме опкужени од сите страни со ЕУ, ама не сме во ЕУ. Таму е Босна, Косово, ние, Црна Гора, Србија. ЕУ има криза на лидерство, не знае каде тера. Извесни се ветата на Холандија и Франција. Видете ги проблемите на ЕУ“, додаде Апасиев.

Во продолжение за односите со Бугарија па и ЕУ кои го задираат македонскиот идентитет, Апасиев јасно порача дека министерот за надворешни работи, во овој историски момент не смее да биде Албанец. Тој констатираше дека за прашањата кои ги задираат Македонците не смее некој што не е Македонец да преговара и одлучува.

„Се преговара за македонскиот идентитет, ништо не му значи македонскиот идентитет. Тој сонува за друга држава, не за нашата. Етничкото прашање мора да остане во доменот на етничкиот народ кој е доминантен – тоа е македонскиот“, заклучи Апасиев.

На крајот од овој дел од говорот, Лидерот на левица потсети на внатрешните проблеми со кои се соочува Унијата.

Видете ги проблемите со кои ЕУ се соочува, за граѓанската војна во Франција наспроти Алжирците, Тунижаните и Мароканците. Погледнете ја Фландрија која сака да се отцепи од Белгија, како и Каталонија од Шпанија. Во овој историски момент на ЕУ не и е дојдено до проширување, и затоа нашата генерација за жал никогаш нема да дочека влез во ЕУ, а го чекаме тој воз уште од кога бевме првачиња. Што ни направивте вие за возврат? Низа на капитулации. Анонимусни бирократи ни ги навиваат часовниците, и ни велат да го затнеме носот и да голтнеме!