Фестивал „Фолклорни средби“ во Кавадарци

Вчера вечер започна Меѓународниот фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“ кој ќе трае се до сабота.Фестивалот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци. Концертите почнуваат во 20 часот, а сите денови ќе претходи дефиле со учесниците по централните градски улици, кое ќе почнува половина час порано.

Од македонските ансамбли најавени се женската фолклорна група „Радовишанки Етно“ од Радовиш, фолклорниот ансамбл „Мегдан “ од Богданцин , КУД „Јане сандански“ од Неготино и се разбира со особена возбуда се очекува настапот на домаќинот на фестивалот фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ со нова кореографија која ќе биде премиерно изведена пред кавадаречката публика.

На фестивалот прв пат доаѓа и „КУД „Шумадија“ од Горни Милановац, Србија со прекрасни кореографии, кои со голема љубов се грижат за зачувување на својата традицијс и култура и воедно ги едуцираат младите за српските ора, песни и музика. КУД „Живница“ од Живница Босна и Херцеговина во Кавадарци
доаѓаат по трет пат но пријателството меѓу ансамблите трае со години.