АктуелноЛокалноСтав

Тамара Јованов: Сите групи на протестирачи треба да се обединат во еден сенароден протест

  • Владата на СДСМ и ДУИ постојано донесува одлуки спротивни од волјата на граѓаните, додека пак инфлацијата и нефункционалниот систем секојдневно го зголемуваат незадовоството кај граѓаните. Поради ова, се почесто можат да се видат различни протести, но најчесто истите се на помали интересни групи, за оваа појава, професорката на Економскиот факултет при УГД, смета дека сите овие групи на протестирачи треба да се обединат во еден сенароден протест. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот став по ова прашање, објавен на социјалните мрежи:

Едни протестираат за плати, други за лекови, трети за образовни асистенти, четврти за дрвја, петти за студентски домови, шести против закон за родова еднаквост, седми против рудници…

Само никако, сите заедно против клучниот проблем и извор на сите други – власта!? Логика?

Не дека сум против протести, далеку од тоа. Само не сфаќам како не се гледа целата, големата слика, дека сите овие групи, ако се вистински незадоволни, треба да излезат заедно, за повисока цел од помалите, засебни интереси на секоја од нив.

Без изворен, сенароден протест, нема ништо да се смени, или промената ќе биде мала, краткотрајна и незначителна, додека не не’ изморат едни по едни, за сите да кренеме раце од се’. Секој за себе, сите за никаде!