Украинските команданти се жалат на француските оклопни борбени возила
Украински воени команданти сe загрижени дека лесните борбени тенкови што Франција му ги доставуви на Киев не се погодни за напади на руските одбранбени линии, бидејќи нивниот тенок оклоп лесно може да се пробие од артилериски гранати и друго оружје, пишува агенцијата Франс прес.
Француското оклопно борбено возило AMX-10 RC од страна на украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников беше наречено „снајперска пушка на брзи тркала“, но во пракса ова возило се покажа многу непрактично.
Украинскиот командант, со кодно име Спартанец, рече дека гинат цели екипажи поради тенкиот оклоп на тенкот. Кога граната ќе експлодира во близина на возилото, шрапнелите го пробиваат оклопот, што е недозволиво. Тој привлече внимание со уште еден проблем, а тоа е дека киевските војници добиле едномесечна обука за управување со овие возила, што не е доволно.
Во април, министерот Резников се возеше во AMX-10 RC, кога изјави дека овие „брзи, модерни машини ќе и помогнат на Украина да ја ослободи својата територија“. Во таа прилика тој им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон и на министерот за одбрана Себастиен Лекорн со зборовите „вака изгледаат слободата, еднаквоста и братството“.
Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека илјадници украински војници загинале во офанзивата, при што не биле пробиени руските одбранбени линии. Уништени се десетици оклопни возила испорачани од Западот, вклучително и тенкови Леопард од германско производство и AMX-10 RC. „Њујорк тајмс“ минатата недела објави дека 17 од 113 борбени возила „Бредли“ што САД му ги доставиле на Киев биле оштетени или уништени.
„Само во правец на Јужен Доњецк, Запорожје и Доњецк, каде што вооружените сили на Украина неуспешно напаѓаат, уништени се 15 авиони, три хеликоптери, 920 оклопни возила, од кои 16 тенкови Леопард“, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.