Украинците употребија хемиско оружје во нападот кај Соледар
Руските експерти работат на откривање на типот на хемиско оружје употребено во нападот
Вооружените сили на Украина со хемиско оружје ги нападнале руските позиции во близина на градот Соледар во ДНР, откри за ТАСС пензионираниот потполковник на Народната милиција на ЛНР Андреј Марочко.
„Вооружени формации на Украина со хемиска муниција ги нападнаа нашите позиции кај Соледар. За време на детонацијата се ослободува иритирачки чад што предизвикува печење на кожата, а при вдишување луѓето губат свест“, рече Марочко повикувајќи се на извори од фронтот.
Експерти на руските сили за радијација, хемиска и биолошка одбрана во моментов, го утврдуваат видот на отровот што бил употребен при нападот.
Да потсетиме, ова не е првпат украинските сили да користат хемиско оружје. Во април се користеше во правец на Запорожје, на почетокот на март во правец на Бахмут и Доњецк, а во февруари и во насока на Бахмут и Соледар.
Како што претходно откри воено-политичкиот експерт Јан Гагин, украинските воени единици не кријат дека го поседуваат ова забрането оружје од странско производство и периодично го прикажуваат во нивните видеа.