Не им е гајле дали си жив или мртов, освен ако не е време на избори

  • Фејсбук статус на Звезданка Пешиќ

Системот, повторно потфрли. Нe драги мои, потфрливме Ние, сите, од прв до последен. Потфрливме последниве 30 и кусур години гласајки ги истиве изроди.

Дали некогаш сте се запрашале колку во Македонија чини еден живот? Бидејки колку и да звучи невозможно, кај нас се’ има цена. Дражавата има цена, јазикот има цена, историјата, идентитетот, се’ има цена, дури и нашите животи.
Колку кошта еден детски живот?

Сега ќе ви кажам колку чини еден човечки живот во Македонија, од прилика едно работно место на било која позиција, од функционер до градски хигиеничар. Сите вие што си ги гласавте изродиве и бездушнициве ,за да дојдете или да задржите работно место, помогнавте да дојде до ова дереџе. Да си ги лечиме децата со смс пораки, да ни умираат најмилите по болниците од негрижа, да се задолжуваме со астрономски кредити за да се лечиме во приватни клиники.
До кога бре ќе се продаваме за работни места, за пакетчиња пред избори, за тапкање по рамо за време на избори. До кога!

Уште ли не ви е јасно дека не им е гајле дали си жив или мртов, освен ако не е време на избори. Не им е грижа дали денес си јадел или не, дали детето има патичиња за на училиште или чекаш некој да се смилува и да ти подари некои страри од неговото дете.

Кое по ред е ова дете што ни умира од истава причина?
Уште ли не ви е јасно. Народот е државата, народот е влада, народот решава и разрешува.

Или се плашите дека ќе ја загубите удобноста на работните места, убавите плати и луксузите, дури и по цена на еден детски живот.

Ако мислите дека со 100 денари донација од вашите функционерски плати, па и 500 нека се, ќе се искупите од гревот, се лажете. Ќе си ги искупиме душите во оној момент кога државата ќе има пари за секој тешко болен, кога ќе има лекови за сите и кога ќе ни се вратат докторите. До тогаш, секој ден ќе го живееме овој грев и ќе бидеме се погрешни и повиновни за секој човечки живот.