„Креа“ изложба на слики и цртежи од Блашка Миева во КИЦ
Во Културно-информативен центар – Скопје, Продажен ликовен салон на 26 јуни 2023, со почеток од 20 часот ке се отвори изложбата на слики и цртежи од Блашка Миева насловена „Креа“.
На изложбата ќе бидат претставени 15тина дела, во различна техника, акрил на хартија, акрил на платно, акварел на хартија, акварел на платно. Делата се дел од неколку различни циклуси, работени во последните 3 години.
Блашка Ми Eва родена 1986 година во Скопје. Завршено средно уметничко училиште на отсекот текстил и облека, а дипломирана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство, со подотсек реставрација и конзервација на фрески и икони. Учествувала на многубројни изложби во земјава и во странство. Реализирано неколку проекти за мозаик на јавен простор во неколку градови во Македонија. Досега има реализирано 10 самостојни изложби. Истотака работи современ дизајн на накит повеќе од 15 години. Живее и работи во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 30.06.2023 година.