Уште колку детски животи треба да згаснат како последица на трулиот систем?

  • Фејсбук статус на Круме Богевски – Советник од Левица во општина Кавадарци

Црн петок, сите имаме кнедла во грлото! Уште колку детски животи треба да згаснат како последица на еден систем?

Лицата со ретки болести имаат потреба од континуирана грижа, скапа терапија и внимание во текот на целиот живот! Кога состојбата ќе се влоши и кога ќе почнеме да собираме пари преку СМС пораки станува потешко. Се солидаризиравме, ама исходот е лош како последица на ингорантниот однос на оние кои можеа да помогнат кога требаше!

Во здравство сум од многу мала возраст, уште на 15-16 години во болниците и клиниките гледав многу тажни приказни, многу тажни семејства, лоши судбини на новороденчиња, деца, млади и стари луѓе. Секоја приказна е исклучително тажна, а верувањето е дека здравствените работници отрпнуваат… НЕ! Ниту камен не останува рамнодушен на ова!

Бес и гнев се единствените чувства секогаш кога некој не добива нега заради некоја банална пречка, заради тоа што нема кој да почувствува одговорност и да направи системот да функционира за доброто на народот.

Мала земја сме, малку народ сме, лицата со ретки болести се уште помалкумина. Не е тешко да се изгласа еден закон кој ќе им овозможи континуирана нега, кој ќе спречи паралелен увоз, со кој нивните блиски нема да мора јавно да бараат пари, да народот праќа СМС пораки и да ја колне државата, како што се случува секој еден ден! Да, секој ден има нов апел за донации, секој ден!

Почивај во мир Кико, браво за храброста, многу се надевав дека ќе ти е подобро, но знам дека си на помирно место

П.С: сочувство со семејството и Лазаров кој беше покрај нив во овие тешки мигови и овозможи да илјадници слушнат за случајот, да станат свесни за убавите и лошите нешта со кои се соочуваат луѓето во државава.