НР Кина го поддржува проширувањето на БРИКС
Пекинг го поддржува додавањето на сојузнички држави во групата БРИКС, која сега ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, НР Кина и Јужноафриканската Република, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
„НР Кина постојано го поддржува проширувањето на БРИКС“ – рече таа на прашањето на новинарите да ја коментира можноста Бангладеш да се приклучи на групата.
Според портпаролот, НР Кина го гледа БРИКС како важно место за светска соработка и развој на пазарите. Таа додаде дека Пекинг го поздравува најновото пристапување на истомисленици во БРИКС, пренесе ТАСС.
Весникот „Дака трибјун“ објави дека Бангладеш официјално поднел барање за приклучување кон БРИКС.