Фашистот Касами ќе урива крст на манастирски имот – Албанската екстремна десница во криза

  • Реакција на Левица – ЛО Тетово

Градоначалникот на Тетово Касами во континуитет е најизразено сецесионистички градоначалник во државата покрај другите градоначалници од албанската екстремна десница, кој постојано и на секој начин ги поткопува принципите на македонската државност. Екстремното десничарската – фашистичка и антисекуларна политика постојано ги подгрева меѓуетничките тензии и ги таргетира Македонците, како за нивниот идентитет и држава, така и за верските чувства.

Инспекторијатот ќе руши верски симбол, додека напоредно постојат дивоградби кои никнуваат од други верски заедници, како и останатите над ПЕТ ИЛЈАДИ дивоградби во општината.

Омразата која ја проектира и спроведува Касами и Беса кон Македонците и верските чувства на христијаните се на раб на кризна состојба. Еднаш за секогаш треба да се стави крај на сите фашистички изливи на политичката сцена кои облеани во омраза го трујат општеството и претставуваат опасност по стабилноста на државата.

Вакви налудничави дејствија немало уште од камено доба! Да се запрашаат како се замислува соживотот и да се сопре лудилото кое води во ќорсокак.

Државата, но и Европа да ги разобличи пред јавноста, види и чуе час поскоро ваквите “демократски лидери” заслепени од великоалбански и прокосовски соништа.