Дураков, нова голема надеж на Баерн Минхен!

Сејдно Дураков, кој по потекло е од Македонија, е бисер и голема надеж за најтрофејниот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен.

Дураков, чии родители се Роми од Македонија, во моментов е член на У17 екипа на „Баварците“. Момче родено 2007 година во Аусбург, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска или популарно наречената „десетка“, сега преставува надежен и голем талент за кој се верува дека во иднина ќе биде еден од најдобрите фудбалери на баварскиот сениорски тим, а Македонија ќе биде и понатаму горда на него, затоа што неговите родители се Роми од Македонија.

За каков играч се работи сведочи тоа што, во првото коло од младинската Бундес лига, за својот Баерн Минхен, Дураков на дуелот против Јан Регензбург во победата од 5:0 постигна хет трик, и асистираше за еден погодок.

Дураков веќе има настапи за репрезентацијата на Германија, за која при истите ја има носено и капитенската лента. Навистина голема привилегија за него, но и одговорност во исто време за која Дураков се покажа дека е способен.

Сето ова дава потврда за она што значи сериозен квалитет и потенцијал кој што несомнено Дураков го поседува.