(Видео) Мециновиќ: Легитимитетот на неизбраните премиери се влече од меѓународната заедница

  • Видео секвенција од гостувањето на Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Тешки муабети“:

„Прво имаме еден делегитимиран премиер, Зоран Заев, кој се делегитимираше во неколку наврати. Тој конкретно на избори изгуби, ветуваше дека ќе дава оставки за грозоморни настани – како настанот во Тетово, настанот со автобусот Беса Транс, неговото раководење со Ковид кризата и обидите да се профитира со набавката на вакцини. Сите тие се иннстанции на делегитимирање.

Наместо да одиме на избори после 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ виде прилика да кохабитира со СДСМ, со цел да ги испумпува општинските пари и преку тоа да ја јакне својата структура.

Потоа добивме нелегитимен Премиер, Димитар Ковачевски, кој не беше избран, туку го легитимираа странски дипломати. И сега имаме инстанца каде би добиле трет нелегитимен премиер, Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски во изминатите година-дена ги смени сите ставови за конечно да дојде до тоа што го сакаше – власт.

Дури и партиите од т.н. албански блок, сите тие имаа анти-ДУИ платформа на изборите, и на крај сите се обединија со ДУИ, сите во еден момент беа во влада со ДУИ.

Левица дефинитивно останува единствен легитимен претставник на сите граѓани во Македонија”.