Светска банка: Македонија е земја со огромна инфлација и премал економски раст
Македонија е на врвот од земјите во регионот според стапката на инфалција, а меѓу последните според проекциите за економски раст, велат извештаите од Светска банка.
Откако настапи економската и енергетската криза, Македонија речиси цело време го држи врвот по стапка на инфлација. Статистика измери дека во мај има пад , но се’ уште е двоцифрена на ниво од 11,3 % што е на врвот споредено со земјите од регионот кои досега ги имаат објавено податоците.
Во мај пониска инфлација имаат Словенија, Хрватска, Албанија , а најниска стапка е измерена во Грција од 2,8 отсто. Дел од земјите уште не ги имаат објавено податоците, но ако го погледнеме движењето во април, полоши од нас се само во Србија, а најниска инфлација во април имало во Косово и во Грција.
Властите се обидуваа да ја зауздаат инфлацијата цело време со мерки одмрзни – замрзни. Пред нецел месец одлучија дека сега било времето да престанат да важат смрзнатите цени и да се ослободи пазарот, ама ако било потребно во иднина повторно ќе реагирале.
Од друга страна продолжуваат песимистички прогнози на меѓународните финансиски институции за напредокот на македонската економија. Светска Банка проектира раст од 2,4%, ова е намалување на проекцијата во однос на јуни лани кога беше 3,1% па имаше уште едно намалување 2,7% по што на стартот на годината во јануари прогнозираа раст од 2,4 % што е еднакво на сегашната проекција.
Најоптимистички се проекциите за Косово и Црна Гора . Најниски се проецкиите за Бугарија
Според Светска банка, економски раст за 2023: Косово 3,7%; Црна Гора 3,4%; Албанија 2,8%; Босна и Херцеговина 2,5%; Србија 2,3%; Хрварска 1,9%; Бугарија 1,5%